ПРИЗМА: До гледање до следната поплава – Катерина БЛАЖЕВСКА

Сподели

download-2-1

Прашањето на политичка одговорност за последиците од поплавите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, го оцени како „нецивилизациско и неодговорно во вакви моменти“. Всушност, тој и не кажа ништо ново, бидејќи цела недела неговата партија ја тера водата на таа воденица – сега не е време за критика и барање одговорност туку за помош на настраданите. Ова би бил сосема прифатлив аргумент, кога би имале власт што досега била подготвена да се соочи макар и со најмала аргументирана критика.

Но, власта не е таква. Или самата се смета за целосно безгрешна, па затвора секаква дебата за нејзината политичка одговорност (и во редовни, а не само во кризни состојби), или темите на критика не ги смета за доволно „цивилизациско“, па одбива разговори под тоа „ниво“.

Јасно е дека во светот не постои безгрешна власт. Но, има власти кои се искрено подготвени да се соочат со критиките и да ја прифатат одговорноста за грешките. Има власти кои нерадо го прават тоа, но сепак го прават. И има таканаречени „тефлонски власти“, на кои ниту се лепи критика, ниту ги интересира критика, ниту има одреден момент кога се подготвени да разговараат за неа. Во која група спаѓа нашава власт, оценете сами.

Јас во оваа прилика ќе се посветам на расчленување на тоа „што е цивилизациско, а што не, во вакви моменти“. Како што Груевски милуваше да каже – „Миле ми текна“, еве Иле и мене ми текна, тебе, на твојата и на другите партии со кои ќе дебатирате за поплавата во недела во парламентот, да ви донирам неколку исклучиво цивилизациски прашања.

Цивилизациски ли е, наместо фекална канализација сѐ уште да користат септички јами, кои, еве деновиве, драматично се излеаја во населбата Илинден, па сега таму смрди толку многу нецивилизациски. Цивилизациски ли е и векните леб да се делат по партиска линија? Цивилизациски ли е во време кога се труби дека „знаењето е сила и моќ“, на раководни позиции да се именуваат такви дунстери, чиј дилетантизам токму во време на вакви катастрофи може да доведе до уште посериозни последици, бидејќи нивниот аналфабетизам е посилен дури и од добрите намери што можеби ги имале? Цивилизациски ли е општински службеник да удира волонтер пред очите на министерот за внатрешни работи, само за да не падне грам критика врз ликот и делото на Никола Груевски?Дали е цивилизациски во 2016 година, односно 72 години од државноста на Македонија и 25 години од нејзината независност, нејзини граѓани сѐ уште да немаат асфалтиран пат до нивните домови? Дали е цивилизациски дострел и тоа што сѐ уште немаат атмосферска канализација? Цивилизациски ли е дел од нив сѐ уште да не ги почувствувале ни благодатите од пронајдоците на Никола Тесла од пред повеќе од еден век? Што е цивилизациско во фактот дека на дел од нив ни во 21 век дома сѐ уште не им светнало? Кому треба да му се стемни за ним да им се „раздени“?

Текстот во целост прочитајте го тука

prizma.birn.eu.com