Африм Гаши: Алтернатива оди во опозиција

Сподели

 

Првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши информираше дека неговата политичка партија излегува од Владата. Нивните тројца пратеници ќе делуваат самостојно.

„Ние донесовме конечна одлука. Ние одлучивме дека Алтернатива со сите функционери ќе биде опозициска партија. Сметам дека СДСМ направи непромислен и ризичен потег за европските интеграции. Иднината ќе биде сведок дали сме биле во право или не. Да, ќе гласаме за уставни измени, за тоа нема дилема” – посочи Гаши.

Гаши објасни дека од ваквите потези ќе произлезе и „дебаланс и во меѓуетничките односи”.

– Се креира перцепција дека СДСМ е заложник на Албанците. Тоа ќе предизвика меѓунационални недобри односи меѓу етникумите. А така некои политички партии кои се радикални, преку меѓуетничките односи ќе бидат посилни во Собранието. Најважно за нас е што партиите можат ова да го злоупотребат и да го стопираат европскиот процес. Ние работевме на релаксација на етничките односи. Вака ќе предизвикаме тензии меѓу Македонците и Албанците” – рече Гаши.

Одлуката е донесена на состанокот на Централното Собрание на партијата.