Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција, откако поминале 198 часа под урнатините, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Двете лица беа извлечени од урнатините во областа Кахраманмараш. Турската медиумска куќа „Си-ен-ен турк“ наведува дека од урнатините се спасени двајцата браќа Мухамед Енес (17) и Абдулбаки (20).
Според последните податоци, во земјотресите во Турција и Сирија загинаа над 37 илјади луѓе.