Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска со најголема почит го пречека тимот на спасувачи на Доброволното здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, кои се вратија од спасувачката акција што ја спроведоа во турските региони погодени од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.
-Во оваа прилика нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи ме информираа за акцијата за спасување човечки животи. Меѓу емоциите тие раскажаа и многу тажни моменти од ситуацијата со која наишле во турските градови по земјотресот, но и моментите на радост што ги почувствувале кога спасувале животи и по 118 часа под урнатините на зградите, изјави градоначалникот Ганиу.
Тој рече дека нема зборови со кои може да се опише нивното херојство, хуманост, храброст, како и на сите членови на спасувачките тимови кои учествуваат во оваа хуманитарна акција во Турција.
Инаку, Општина Чаир вчера додели 600.000 денари финансиска помош за погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција.