Општина Карпош: Отстранување на возила кои не се за употреба, картони, пластика, шут

Сподели

 

На 21. февруари, Секторот Инспекторат при општина Карпош во соработка со Град Скопје и Полициска станица Карпош, ќе спроведе заедничка акција во урбаните заедници Злокуќани и Бардовци.

Целта на акцијата е согласно Закон за јавна чистота да се отстранат сите возила кои не се во возна состојба, предмети кои ја загадуваат околината, картони, пластични амбалажи, шут и сл.

-За таа цел, Ве информираме во најкраток можен рок да ги подигнете сите предмети кои се во ваша сопственост во спротивно ќе се постапи согласно законските регулативи, информираа од општина Карпош.