Златан Ибрахимовиќ ја објави својата втора автобиографија наречена „Адреналин“, а иако излезе пред две години, одвреме-навреме станува актуелна во медиумите и социјалните мрежи.
Ексцентричниот Швеѓанец таму откри голем број интересни детали, од кои некои се однесуваат на неговото семејство и неговото заминување во поранешна Југославија.
,, Моето прво сеќавање е Југославија. Ме однесоа таму како дете. Во автомобил, со воз. Тогаш уште беше на сила комунизмот. Друг свет. Јас сум Швеѓанец, но некако сум измешан. Мајка ми е Хрватка и католик, татко ми е Босанец и муслиман, а најголемиот дел од кариерата го поминав во Италија – се присети Златан.
,, Татко ми многу страдаше поради војната во Босна и Херцеговина. Секој ден имаше вести за смртта на некој што го познава. Им помагаше на бегалците. Но, тој се обидуваше да ме поштеди. Секогаш се трудеше да ме заштити.
,, Кога неговата сестра почина во Шведска, не ме пушти во мртовечница. Меѓутоа, кога брат ми Шапко почина од леукемија, јас бев таму. Ми се заглави здивот. Го погребавме според муслиманските обичаи. Тато не пушти солза. Следниот ден отиде на гробиштата и плачеше од утро до вечер. Сам – рече Ибрахимовиќ.
Неодамна Ибра повторно се соочи со загуба на блиска личност поради леукемија, Синиша Михајловиќ, а потоа и новинар кој умира од истата болест и од кого со солзи во очите се прости.
По Малме каде ја започна кариерата, Златан Ибрахимовиќ играше за сите великани – од Ајакс, преку Интер, Јувентус, Милан, Пари Сен Жермен до Манчестер Јунајтед, а се испроба и во американската МЛС лига во дресот на ЛА Галакси.
Потоа се врати во Милан и не размислува за пензионирање иако има 41 година.
The post (ФОТО) Златан ја отвори душата за војната во Југославија – Секој ден стигнуваа лоши вести на некој што го познавал! first appeared on .
Powered by WPeMatico