Црвен крст: Собрани се 38.555.035 денари за настраданите во Турција и Сирија

Сподели

 

Заклучно со 23 февруари, преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 38.555.035 денари.
 
Црвениот крст на РСМ наредната недела ја доставува и третата пратка за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција.
 
Поради големиот интерес на граѓаните, Црвен крст на РСМ ја подложува хуманитарната акција до 15.03.2023 година.
 
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
• Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
• како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
• За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228