Во текот на вчерашниот ден (26.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 824 возачи.
Од нив 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 438 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 386 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.