115.ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО – ДИСКУСИЈА ЗА ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПЈЕ

Сподели

Sobranie-na-RM

Собранието на Република Македонија, денеска во 12 часот ќе ја одржи 115.седница, на која пратениците ќе дискутираат за состојбата во поплавените подрачја во Скопско.

Одржување на оваа итна и неодложна собраниска седница е на барање на пратеничката група на СДСМ и опозицијата .СДСМ предлага и конкретни заклучоци со мерки коишто треба веднаш да бидат преземени за да им се помогне на граѓаните.

Собранието, смета СДСМ, мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди.

Одржувањето ваква седница беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот беше посочено дека се очекува до почетокот на седницата Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.

Во невремето загинаа 22 лица, а беа поплавени неколу скопски населени места главно во општина Гази Баба, но и во други скопски општини. Причинета е голема материјална штета.