(ФОТО) Ана и Бастијан го дознаа полот на нивното трето дете – Убави вести во домот на Швајнштајгери!

Сподели

Loading

Ана Ивановиќ неодамна на Инстаграм објави дека е повторно бремена. Познатата тенисерка и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер се пресреќни што повторно ќе станат родители на момче, дознаваат српските медиуми.

На ова најмногу се израдувале нивните наследници Леон и Лука.

Најблиските членови на семејството Ивановиќ биле известени дека детето на Ана и Швајни ќе биде момче. Така и кажал докторот на тенисерката при нејзиниот последен преглед. Бременоста оди добро, бебето се развива како што треба и родителите се среќни и задоволни.

Точно, Бастијан сакаше девојче, но нивните синови се воодушевени што повторно ќе имаат братче.

Само што низ белградската чаршија почнаа да кружат гласини дека Ивановиќ е во блажена состојба, таа се огласи на социјалните мрежи.

,,Јас и Басти и официјално ќе бидеме во малцинство! – изјави Ана со фотографија на која се гледа трудничкиот стомак.

Еден од најпознатите спортски парови во светот се венча на 12 јули 2016 година во Венеција, по две години врска. Брачниот пар го доби првиот син во 2018 година, а вториот една година подоцна.

Ана и Бастијан се запознале во 2014 година, токму во времето кога тој раскина со германската манекенка Сара Бранднер.

Тоа беше по Светското првенство во Рио де Жанеиро. Наскоро тој беше виден со Ана во Њујорк, кога нивната врска ја здогледа светлината на денот и стана збор за медиумите на планетата.

Оттогаш тие живеат примерен семеен живот…

The post (ФОТО) Ана и Бастијан го дознаа полот на нивното трето дете – Убави вести во домот на Швајнштајгери! first appeared on .

Powered by WPeMatico