Корина му забрани посети, а тој повторно се огласи – Вистината за Шумахер е многу болна!

Сподели

Loading

Состојбата со здравјето на Михаел Шумахер сеуште е енигма, но се чини дека никогаш нема да ја дознаеме правата вистина за легендарниот возач.

Спорадично слушаме информации од луѓе кои биле блиски до седумкратниот шампион, но се се прикрива.

Единствениот кој зборуваше на оваа тема беше неговиот пријател Жан Тод, кој еднаш откри дека заедно гледаат Формула 1. Сепак, тој повеќе не е единствениот кој реши да проговори.

Сега се појави Еди Џордан, ирскиот бизнисмен за чиј тим по име „Џордан“ Шуми возеше во деведесеттите. Тој истакна дека „Шумахер е присутен, но не присутен“ и со таа изјава доста ја заинтригира јавноста, особено ако се земе предвид дека сопругата Корина му забранила да го посети Михаел.

Сега во целата ситуација се вклучи и синот Мик кој се обиде да ги смири тензиите меѓу мајка му и Џордан.

фото: Profimedia

,,Што се однесува до мене, ме трогна потегот на Мик и тоа е затоа што не е лесно да знаеш дека татко ти не може да биде дел од семејството. Тој е таму, но како да го нема. Имам свој став кој не сакам јавно да го искажам – изјави Џордан.

Тој, исто така, го поддржа Мик во неговата борба за кариера и рече дека е сигурен дека ќе успее.

,,Можеби отказот од Хас е вистинската работа што му се случи, ме трогна бидејќи сум многу поврзан со Мајк, го најдов и му дадов шанса, а иако таа соработка не траеше долго – мојата љубов кон него ќе биде присутна додека можам да дишам – заклучи Џордан.

За потсетување, никој освен мала група на многу блиски луѓе на семејството не го видел Михаел скоро 10 години, па така поради една слика и посетите ќе бидат уште построги.

The post Корина му забрани посети, а тој повторно се огласи – Вистината за Шумахер е многу болна! first appeared on .

Powered by WPeMatico