Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53% во однос на одлуката од 27.2.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,452%, кај дизелот за 2,228%, кај екстра лесното масло за 3,176% и кај мазутот зголемување за 0,701%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Од 3.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,266 (денари/килограм)