(ВИДЕО+ФОТО) Роналдо со почасти со редок примерок на автомобил – Во светот има само 10 вакви!

Сподели

Loading

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо (37), кој настапува за Ал Наср од Саудиска Арабија, се почасти со најскапиот автомобил на светот.

фото: FAYEZ NURELDINE/AFP/AFP via Getty Images

Португалецот го купи моделот на Bugatti „Centodieci“ вреден осум милиони евра, кој е направен во само 10 примероци.

Да потсетиме, напаѓачот потпиша договор на две и пол години со Ал Наср, според кој ќе заработи околу 200 милиони евра и тоа е најголемиот договор во историјата на спортот.

Кога зборуваме за купување на толку ограничена верзија, парите не се важен фактор бидејќи не само Кристијано беше заинтересиран за овој автомобил.

 

Омилената машина на Роналдо до 100 км/ч достигнува за импресивни 2,4 секунди, а 200 км/ч за 6,1 секунда, додека максималната брзина му е дури 380 км/ч. Неговата цена беше неверојатни девет милиони евра!

Сепак, Роналдо успеа да си обезбеди редок примерок пред многу милионери.

The post (ВИДЕО+ФОТО) Роналдо со почасти со редок примерок на автомобил – Во светот има само 10 вакви! first appeared on .

Powered by WPeMatico