Облачно со дожд, засилен ветер и грмежи

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), локално и во форма на невреме.

Температурата ќе се движи од 1 до 17 степени.

 

 

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.