(ВИДЕО) СКАНДАЛ во ЛШ – Илјадници навивачи на Интер со платени карти останаа пред стадионот!

Сподели

Loading

Голем скандал се случи пред натпреварот меѓу Интер и Порто во Лигата на шампионите.

фото: Twitter/SIMONE TOGNA

Илјадници навивачи на тимот од Милано пристигнаа во Португалија со намера да го бодрат својот тим, но со уредно платени билети не им беше дозволен влез на „Драгао“!

Натпреварот започна, се играше првото полувреме, а илјадници Италијанци се уште чекаа да влезат на стадионот и да седнат на своите места, но тоа не им беше дозволено.

На крајот, организаторите во еден момент решија да ги пуштат на стадион, но само ако ги соблечат шаловите, дресовите, маичките и сите обележја!

Но, и тоа ветување не се исполни! Кога ги оставија своите навивачки реквизити, навивачите на Интер сепак не беа пуштени да влезат во натпреварот, па продолжија луто да протестираат пред стадионот, за што пренесоа сите италијански медиуми.

Погледнете како изгледаше пред стадионот Драгао во Португалија:

На првиот меч на „Сан Сиро“ беше 1:0 за Интер, со гол во последните моменти од средбата, а тимот од Милано избори пласман во 1/4 финалето откако одигра 0-0 во реваншот против Порто.

Барем малку сатисфакција и радост за овие навивачи што нивниот тим оди понатаму во ЛШ и е меѓу најдобрите осум што не им се случило цели 11 години.

The post (ВИДЕО) СКАНДАЛ во ЛШ – Илјадници навивачи на Интер со платени карти останаа пред стадионот! first appeared on .

Powered by WPeMatico