Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на државата спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани се 55 сообраќајни прекршоци, од кои шест за користење мобилен телефон при возење, четири за нерегистрирано возило, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.
МВР апелира сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.