Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(46) и З.З.(56), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“, казниви по чл.149 и по чл.249 од Кривичниот законик.
Имено, првопријавениот А.Б. на 20.08.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност, информираат од МВР.