Зелените партии од Западен Балкан потпишаа Декларација за заедничка соработка

Сподели

 

Зелените партии од регионот на Западен Балкан, во Сараево потпишаа Декларација за заедничка соработка.

 

 

 

“Оваа иницијатива започна пред една година во рамките на Зелената Балканска Мрежа и е многу автентична, потекнува од нас самите зелени партии од целиот регион и е многу поразлично од она што често го среќаваме во државите на Западен Балкан, а тоа е меѓународните претставници да доаѓаат и да ни укажуваат дека треба заедно да соработуваме”, соопштуваат од ДОМ.

 

 

“Темите на кои ние заедно ќе работиме и во иднина се оние зелени теми, заштитата на животната средина и климата, унапредувањето на човековите права, социјална правда, борба против корупцијата и организираниот криминал, владеење на правото и се разбира евроинтеграциските процеси на државите на Западен Балкан.

Ова е за заеднички цели, затоа што загадувањето на водата и воздухот не познаваат граници. Исто така и корупцијата и организираниот криминал не познаваат граници. Затоа борбата против корупцијата, заштитата на животната средина, на нашите преубави природни богатства мора да биде заедничка бидејќи така ќе биде ефикасна и ќе пружи навистина стабилност, сигурност и просперитет и квалитетен живот на граѓаните од Западен Балкан”, потенцира Маја Морачанин, претседател на ДОМ.