Потпишана соработка во правосудството помеѓу Австрија и РС Македонија

Сподели

 

Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ. Австрија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон Европската Унија. 

Лога и Задиќ потпишаа заедничка изјава за соработка  на двете министерства во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право , борбата против корупцијата, дигитализацијата на правосудството. 

Министерите се договорија, Австрија преку свои експерти да го пренесе своето знаење и искуство, вклучувајќи професионални обуки на судиите и обвинителите.

Министерот за правда Кренар Лога рече дека секоја помош  на Австрија е добредојдена за натамошниот развој на државата. Министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ му посака успешна работа на министерот Лога и порача дека фокусот на регионот треба да биде насочен кон борбата против корупцијата и спроведувањето на реформите.