Поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, освен лондонскиот клуб, тајно финансирал уште еден европски клуб, а се споменува името на холандски Витезе кој со години добивал пари во својата каса!
Во јавноста „протече“ досието на рускиот олигарх во кое пишува дека на клубот од Арнем преку „оф-шор“ компании му дал најмалку 117 милиони евра.
Фудбалскиот сојуз на Холандија еднаш спроведе две истраги и тие покажаа дека Роман немал никакво влијание врз жолто-црните.
Сомнежите се појавија кога играчите на Челзи отидоа на позајмица во Витезе, меѓу нив Немања Матиќ, Данило Пантиќ и Мејсон Маунт.
Во 2017 година, британски „Гардијан“ беше првиот што објави информации за доказите околу обидот на Абрамович за преземање на Витесе.
Во целата врска биле вклучени и соработниц на русинот, а потоа од синиот дел на Лондон се зборувало дека „уживаат братски односи со жолто-црните“.
The post Абрамович освен Челзи тајно финансирал и друг европски клуб – Многу милиони легнале во нивната каса! first appeared on .
Powered by WPeMatico