Шаренило од маски, смеа и песна во пресред на Денот на шегата во општина Илинден

Сподели

 

Во пресрет на Светскиот денот на шегата 1-ви Април, ден кој децата со нетрпение го чекаат целата година, денеска во детската градинка “Гоце Делчев” и основните училишта во општина Илинден се одржа маскенбал, на кој можеа да се видат многу принцези, спајдермени, бетмени, полицајци, пеперутки, пчелички…

И овој пат не изостана бујната детска фантазија во креирањето на маските, при што буквално ги оживеаја бројните ликови од детските приказни, од бајките, херои од стриповите.

Дел од веселата атмосфера и дефилето под маски во училишните дворови  исполнета со многу смеа, песна и детски џагор, беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој не го криеше воодушевувањето од детската иновативност во маскирањето во ликовите на своите омилени јунаци.