Претседателот Стево Пендаровски во врска со одлуката на Уставниот суд, со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во РС Македонија, ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.
“Во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, ја повикувам Владата да предложи законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите”, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.
“Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет”, додаде претседателот Пендаровски.