Премиерот Ковачевски домаќин на Ифтарска вечер

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вчера беше домаќин на Ифтарска вечер, на којашто присуствуваат поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, министри и членови во Владата на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието на РС Македонија, Талат Џафери, пратеници, претседатели на политички партии, уредници и други гости.

 

 

„Во оваа Ифтарска вечер, еве седиме заедно на маса, го делиме лебот, споделуваме меѓусебна почит – и ова е најдобар одраз на вредностите кон коишто сме определени. Тоа е сплотеноста, во еднакво општество за сите, во кое што заедно ги надминуваме предизвиците и заедно ги отвораме перспективите, градиме иднина – за секој човек, за секое семејство, за нашата заедничка држава, којашто е наш заеднички дом“, порача премиерот Ковачевски.

„Да сакаме, да сочувствуваме едни со други, да простуваме, да имаме разбирање едни за други. Во пресрет на Рамазан Бајрам, ви пожелувам на сите добро здравје, спокој, радост во домовите. И да го чуваме и негуваме ова наше заедништво, во општеството по кое станавме пример и во регионот и во Европа, како се учи, работи, живее заедно, во мир,”  се обрати на Ифтарската вечер до присутните, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.