Турција состави обвинение против Ѓулен од 2.500 станици

Сподели

Фетулах_Ѓулен

Турското обвинителство состави обвинение против поранешниот имам Фетулах Ѓулен кое содржи 2.500 страници и во кое се обвинува за организирање на пучот во кој загинаа 240 лица.

Во обвинението се бараат два доживотни затвора за Ѓулен и дополнителни 1.900 години затвор за обидот за уривање на уставниот поредок и создавање паралелни терористички организации.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД ги отфрла обвиненијата за вмешаност во обидот за воен удар.