Навивачите наоѓаат иновативни начини да му помогнат на својот омилен тим и да ги попречат нивните противници.
Главно се работи за свирежи или нешто слично, но симпатизерите на Анже отидоа чекор понатаму. Тие ги соблекоа гаќите и ги покажаа голите задници со цел да го нарушат пеналот во највисоката француска лига.
Се обидоа двапати, прво во 33. минута, а потоа и во 39. минута. Тие не беа успешни во ниту еден од тие два обида.
Анже поведе со голот на Хуно во 28. минута, но следеа два пенали. Во 33. минута прецизен беше Кеи, па шест минути подоцна сигурен изведувач беше и Чам.
Група навивачи, кои беа зад голот на својот тим, двата пати се обидоа да влијаат на изведувачите на најстрогата казна.
Анже практично веќе испадна од најсилната лига во Франција. Имаат 14 бода, дури 17 помалку од Брест, првиот тим над зоната за испаѓање.
Погледнете го моментот на 1 минута и 2 секунди….
The post (ВИДЕО) Затоа се посебни фановите во Франција – На чудесен начин пробуваа да му посметаат на пеналџијата! first appeared on .
Powered by WPeMatico