ЈП Лајка почна со заловување на бездомни кучиња во Гази Баба

Сподели

 

Заловувачкиот тим на ЈП Лајка од минатиот понеделник започна со стратешко заловување во општина Гази Баба.

Тимот на заловувачи минатата недела (10-13. април) заловуваше во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, информираат од ЈП Лајка.

Оваа недела од стратешкото заловување (18-20.април) тимот ќе заловува во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.