МАКЕДОНИЈА – Облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите постепено ќе престануваат. Во текот на денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Ноќеска наврнаа 10-20 сантиметри нов снег на Попова Шапка.