Прекршочни налози за Кванташки пазар, Кам, Тинекс, Стокомак

Сподели

 

“Вчера се одземени над 15 тони овошје и зеленчук и акциите ќе продолжат. Има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар, има казни за увозници на овошје и зеленчук, а секако и за компаниите кои се занимаваат со малопродажба, како што се Веро, Тинекс, Стокомак, Кипер, КАМ и Миса”, соопшти на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Акциите ќе продолжат секојдневно до завршување на одлуката, после вчерашната акција на Кванташкиот пазар, што ја спроведоа Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиска полиција, Агенцијата за управување со одземен имот и МВР.

 

 

„Во текот на оваа недела ќе бидат доставени и кривични пријави за непочитување на одлуките на Владата. Има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар, компанијата Анмарк ДООЕЛ, има казни за увозници на овошје и зеленчук за компаниите Астра фреш, Савари, Атлантик, Фрута-Фрукта, Стрима, Нехар фреш, Ема стил и други, а секако има и казни за трговците на мало како што се Веро, Стокомак, Кипер, Зендолино, Тинекс, Миса МКБ и нема да застанеме со акциите и контролите тука, ќе продолжат секојдневно“ кажа министерот Бектеши и најави дека Одлуката за замрзнати цени на основни прехранбени производи ќе е продолжи и во наредниот период”, кажа министерот Бектеши.

Директорот на државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски изјави дека на Кванташки биле констатирани многу прекршоци. Затекнати се трговци кои не водат евиденција во трговија, рече тој, а одземените стоки се предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.

„Во текот на минатиот ден Државниот пазарен инспекторт во координација со Финансиска полиција и МВР изврши увид на Кванташки пазар каде што се констатираа многу прекршоци. Изречена е глоба за Кванташкиот пазар, но и за многу увозници и она што е затекнато е дека и физички лица кои немаат регистрирана дејност вршат продажба на производи. Во рамките на нашите надлежности ќе продолжиме да вршиме контроли низ целата држава и нема да  дозволиме непочитување на мерките. Од она што вчера е констатирано е дека има трговци кои не водат евиденција спротивно на член 28, став 1 од Законот за трговија и сторени прекршоци по член 57 став 1 од Законот, член 51 став 1, точка 6 од Законот за трговија одземени се стоки во вредност од 15 тони, беа распределени заедно со Агенцијата за одземен имот и се предадени на одредени институции“ кажа директорот Трајковски.

Директорот Трајковски најави дека од денес сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса.

 

 

“Апелирам до сите економски субјекти, практиката, едната опција е да си ги земат платните налози и да си платат, а другата опција е да си го остварат своето право доколку имаат забелешка преку судска постапка. Од денеска сите инспектори кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските риочишта и ќе ги застапуваат и ќе ги бранат законските одредби според кои ги изрекле прекршоците. Законите мора да фонкцинираат и ќе функционираат. Нашата цел е доследно почитување на законите и функционирање на системот, а граѓаните ги охрабруваме да ги пријавуваат неправилностите кои ги нарушуваат нивните потрошувачки права“ кажа директорот Трајковски.