Пендаровски: Уставните измени не се нешто страшно за нас

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него.

-“Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени. Сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите, заедно со другите шест, седум народи”, изјави претседателот, одговарајќи на новинарско прашање во врска со првиот состанок на работната група.