Владимир Мартиновски е нов декан на Филолошки факултет „Блаже Конески“

Сподели

 

На научно-наставниот совет на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, вчера беше избран нов декан за мандатниот период 2023-2026 година –професор-доктор Владимир Мартиновски, соопштија од факултетот.

Мартиновски докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Шарл Бодлер, В.К. Вилијамс, Славко Јаневски, Влада Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“.

Работи како редовен професор по предметот „Компаративни поетики“ на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Тој е член е на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика, на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, на извршниот комитет на Европската мрежа за компаратистички проучувања, на ЗККМ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН.

Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици.