Во општина Чаир денеска свечено беше инаугурирана улицата што го носи името на историскиот претседател на Република Косово, Ибрахим Ругова, додека претседателката на Република Косово, Вјоса Османи – Садриу, како и Теута Ругова, ќерката на претседателот Ибрахим Ругова, учествуваа на инаугурацијата на улицата. Во оваа прилика, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во својот говор потсети дека оваа улица се наоѓа во една од најстарите населби и многу блиску до Скопското кале.
-Денес го олицетворуваме историскиот претседател на Република Косово, доктор Ибрахим Ругова, именувајќи една од улиците на главниот град на нашата земја по него. Во Скопје, каде често доаѓаше и наоѓаше гостопримство во овдешните семејства.
Ибрахим Ругова, токму ова име ќе стои во личните документи на стотици граѓани на општина Чаир. Ова е најмалото нешто што ние можеме да го направиме за некој како доктор Ибрахим Ругова, човек кој до последниот момент од неговиот живот дишеше за Косово конкретно и за Албанците воопшто. Тој беше идеолошкиот архитект, кој со својата мирољубива филозофија ја дизајнираше иднината на Косово, како независна држава, со вистинска дипломатска соработка со Соединетите Американски Држави и земјите од Европската Унија – рече Ганиу.