Нова опрема за заштита на историски документи, донација за Државниот архив

Сподели

 

Во одделението на Државниот архив за реставрација и конзервација пристигна нова опрема за заштита на историските документи, во вредност од 5.000 фунти, донација од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.
 
 
 
 
 
 
Лабораторијата на Државниот архив се здоби со нов ламинатор, со специјални конзерваторски пегли, ламби, хемиски средства и друг вид опрема, неопходна за физичката заштита на архивските материјали.
 
 
 
 
 
 
Државниот архив изразува голема благодарност до Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје за нивното разбирање и поддршка во нашите напори за заштита на националното богатство што го поседува Државниот архив, што е од големо значење за нашето минато, како и до Elisavеta Markovic, вработена во Државниот архив, која што го координираше реализирањето на оваа донација.