МЕТА: ШТО ПОБАРАЛО МНР ОД СТРАНЦИТЕ ЗА ПОПЛАВИТЕ?

Сподели

mnr-ministerstvo-za-nadvoreshni-raboti

Министерството за надворешни работи до амбасадите во Скопје, на 9 август испратило допис во кој се бара финансиска помош и се дава листа со производи кои им се потребни за справување со последиците од поплавите.

„Министерството во прилог доставува прелиминарна листа на конкретно потребни работи, кои може да се достават како што ќе се развива ситуацијата“, стои во дописот до кој дојде „Мета“ и се додава дека хуманитарната и финансиската помош во евра ќе овозможи справување со краткорочните, среднорочните и долгорочните последици од катастрофата.

Освен вообичаените производи и предмети кои се потребни во оваа ситуација, како на пример, лопати, гумени чизми, вода, храна, средства за дезинфекција, канти за техничка вода, црева и слично, во листата од Министерството има и други необични ставки.

Меѓудругото, Министерството бара 24 теренски возила – „дефендер“ – со погон на четири тркала, пет моторни чамци со приколки и 29 гумени чамци, камиони кипери, алпинистички јажиња, продолжни кабли, 50 вреќи во кои ќе се извлекуваат повредени лица, вреќи за извлекување на лица со помош на хеликоптер итн.

Целата листа можете да ја погледнете во галеријата.

meta.mk