Улична поезија “Без омраза и без граници” на Јане Теохаревски

Сподели

 

Aкционизмот “Без омраза и без граници” повикува на распознавање на феноменот на омразата, како една реалност на денешнината.

Една од вредностите на светлината  како метафора (“Осветли го градот преку тебе”, слоганот на Темишвар 2023), се однесува и на енергијата и креативната сила испратена од овој годинешен европски град на културата кон сиот свет, во овој случај со надеж за анулирање на омразата и со надеж за една ренесанса, преку хуманост и култура.

Во темишварската населба “Калеа Шагулуи”, токму на улицата “Александру Мачедонски”, пристигнува реинкарнираниот романски поет Александру Мачедонски (1866-1920), татко на романскиот симболизам кој, на повеќе јазици (романски, македонски, руски, украински, англиски, бугарски, грчки, албански, унгарски итн.), чита една од неговите песни “Омраза” но, и “Мојот рондел” каде, се извинува за чувствата за силната  омраза која ја чувствувал порано. Рецитира, на присутните жители и минувачи им ги поделува спомнатите поезии и, со нив споделува лични искуства и мислења за омразата воопшто.

Во улога на Мачедонски се појавува Јане Теохаревски, историчар на уметноста, автор на проектот.

Настанот ќе се одржи кон крајот на месец мај, а е спонзориран од Фондацијата Заев и Стопанската и индустриска комора на Прахова, Романија.