Започнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“

Сподели

 

Со настап на Дамир Имери Трио вечерва во 20 часот на малата сцена во Филхармонија започнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“.

Тромбонистот Имери е тивка легенда на современата македонска музика. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Ратко Даутовски. Истата вечер, на фестивалот ќе настапат Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара.

Во петок на 19 мај, во лобито на кино Фросина – МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“.

Четвртото фестивалското издание на Крај Вардарот џез   ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui), загрепскиот квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, рокенрол и електроника.

Фестивалот кој е во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ и ќе трае до 20 мај, е  дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“, за развој на сцената на светска музика на Балканот, и е поддржан Министерство за култура на Северна Македонија.