Во текот на вчерашниот ден (17.05.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на РС Македонија, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици и контрола на лица во казина и обложувалници.
При контролата констатирани се 50 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени девет возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.