Летно кино во Кинотека со филмска вечер посветена на Желимир Жилник

Сподели

 

Со филмска вечер посветена на Желимир Жилник, Кинотеката го отвора Летното кино на 31 мај.
 
Со проекција на култниот филм РАНИ ТРУДОВИ на Желимир Жилник на 31 мај (среда), со почеток од 21 часот, Кинотеката го отвора Летното кино.
 
 
 
 
Следната вечер, на 1 јуни (четврток), во 21 часот ќе биде прикажан и документарецот ЖУРНАЛ ЗА ЖЕЛИМИР ЖИЛНИК на Јанко Баљак, посветен на овој анфан терибл и еден од најангажираните творци на ексјугословенската кинематографија. 
 
Жилник и Баљак ќе присуствуваат на проекцијата и публиката ќе има прилика да разговара со нив.