Свечено одбележување на Св.Кирил и Методиј – “Писмото е нашиот универзум”

Сподели

 

Во пресрет на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, Владата на Република годинава организира дводневно свечено одбележување на државниот празник, под мотото „Писмото е нашиот универзум“.
 
Свеченото одбележување на празникот започнува денеска, во Охрид – колевката на словенската писменост.
 
 
 
“Оддаваме должна почит на непроценливата просветителска мисија на Светите Кирил и Методиј, со која ги поставија основите на сесловенската писменост и која е инспирација сите следни генерации.
 
Нивното дело живее и денес. Македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, денес е целосно заштитен, признат и е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во ОН и во Европската Унија и како таков тој е признат и почитуван во светот, на што сме особено горди.
 
Денес, како резултат на тешките, но храбри одлуки кои ги донесовме, вратите се ширум отворени и за активна промоција, но и за развој на македонскиот јазик и култура”, изјави премиерот Димитар Ковачевски.