Амбасадата на Северна Македонија во Рим, надлежна и за Малта, информира за повикот на претседателот на националната Агенција за културно наследство на Малта, Марио Кутајар, за аплицирање на македонски уметници на Првото уметничко биенале кое ќе се одржи во Малта од март до мај 2024 година.
Финансиската поддршка за уметниците кои ќе бидат селектирани да учествуваат на Биеналето во Малта е во висина до 13.000 евра.
Рокот за пријавување е до 25 август 2023 година.
Подетални информации за манифестацијата, условите за учество, како и образецот за аплицирање, може да добиете на следниот линк