Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот. Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот. Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот, се вели во реакцијата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба да одговори каде се парите.
Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.
Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт.