Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-357/23, по одржаната јавна седница на ден 19.05.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство С., ја одби како неоснована, а жалбите на обвинетиот М. С. од С., делумно ги уважи. По жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, ја преиначи во делот на одлуката за кривична санкција на начин што обвинетиот М. С. го осуди на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 6-шест месеци и на парична казна во износ од 5.000 евра во денарска противвредност од 308.450,00 денари.
На обвинетиот М. С. од С. му се изрекува и Забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од 6-шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.
Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, во делот за кривичното дело Уцена од член 259 став 1 в.в. член 19 од КЗ, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело Уцена.