Меѓународен Ден на Архивите

Сподели

 

Меѓународниот архивски совет (International Council on Archives – ICA), организација која ги обединува архивите и архивистите од целиот свет, под покровителство на УНЕСКО, слави 75 години од своето постоење.
 
По тој повод, Меѓународниот архивски совет од понеделник, 5 јуни 2023 година до петок, 9 јуни 2023 година, ја организира Меѓународната недела на архивите (#IAW2023) која ќе мине во знакот на одбележувањето на овој значаен јубилеј #75YearsICA.
 
 
 
 
Важноста на записите, архивите и архивската професија е темата која ќе биде популаризирана во рамките на петте сесии што се предвидени да се реализираат, а на кои ќе може да учествуваат сите архивски институции и архивисти кои се членови на МАС.
 
Темата на првиот вебинар е: „Влијанието на општествените промени врз архивската работа“, на кој ќе се обратат претставници на МАС, а ќе можат да земат учество сите заинтересирани. Истовремено, на социјалните мрежи ќе се одвива и кампања посветена на градењето на архивската заедница #ArchivesUnited во изминатите 75 години.
 
Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни, од 2007 година прерасна во Меѓународна недела на архивите во организација на Меѓународниот архивски совет. Архивиските професионалци од околу 200 држави во овој период преку различни форми ќе го промовираат сопственото работење, како и значењето на Архивите.
 
Државниот архив се приклучува кон одбележувањето на Меѓународната архивска недела со изложбата: “Македонија памети-никогаш да не се заборави”, што ќе се отвори во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар на 5 мај, а архивисти од Државниот архив он лајн активно ќе се вклучат и на вебинарите на МАС и ќе споделат сопствени искуства од нивната работа.
Државниот архив на сите вработени им го честита Меѓународниот ден на архивите!