Телефонски разговор Османи – Габриел

Сподели

 

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел.

Османи упати честитки за именувањето на функцијата, пренесувајќи ја притоа подготвеноста за зајакнување на билатералната соработка, во духот на добрососедските односи и европските вредности и во интерес на граѓаните на двете земји.

За време на разговорот, беше нагласена важноста на продолжување на политичкиот дијалог, ревитализација на меѓуресорската соработка и целосна имплементација на Договорот за пријателство, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија.