Полициската станица Аеродром е привремено преместена во скопската населба Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1, информираат од МВР.
Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните.
И во наредниот период граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги и за се што им е потребно можат да се обратат до полициските службеници.