Изложба на Атанас Ботев во КИЦ Тирана

Сподели

 

На 6 јуни, македонскиот КИЦ во Тирана, за првпат пред тиранската публика го претстави сликарот Атанас Ботев со неговите дела.

 

 

Топла јунска ноќ, извонредна поставка и прекрасна публика. Неговите халуцинантни слики со длабока содржина, беа голема провокација за љубителите на уметноста во Тирана. Мнозина констатираа дека се работи за уметност која е сосем нова и оригинална.

 

 

Во убава атмосфера, само од себе се разви прекрасен разговор за сликите на Атанас Ботев и каде треба да оди денешната нова уметност.