„Паркот Украина“ беше промовиран во општина Чаир, поточно во близина на општинската зграда.
„Со промоцијата на Паркот Украина ја пренесовме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина и со украинскиот народ, исто како и нашите пријатели – Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во оваа прилика.
Тој потсети дека војната не е решение за ниту еден проблем, а уште помалку убивањето на невини цивили, бидејќи со војна не можеме да го промениме светот на подобро, но со мир ДА.
„Нашата нобелистка Мајка Тереза, која толку многу го сакаше мирот и само мирот, ќе речеше: Не сите од нас можеме да правиме големи работи. Но, можеме да правиме мали работи со голема љубов. И денес ние правиме едно такво нешто. Сакаме да ја пренесеме пораката дека сите сме со Украина и со украинскиот народ и со нив сме од почетокот на војната и против агресијата врз нив“, рече Ганиу.
„Оваа инспиративна вест беше многу контрастна во споредба со вестите што секојдневно ги добиваме од самата Украина. Денеска имаме одлична можност да добиеме од општина Чаири на град Скопје морална и духовна поддршка, која е бесценета“, рече амбасадорката. Таа посака „Паркот Украина“ во општина Чаир да биде светол, расцутен, пријатен, исполнет со детска радосна смеа, детска забава.