ЗА АЏИЕВ ОДЛУКАТА НА УПРАВНИОТ СУД , Е ПУЧ ВО МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИЈА

Сподели

tome-adziev-

Управниот суд поништил вкупно 20 решенијата за лустрација за лица за кои Комисијата за верификација на фактите утврдила дека соработувале со странски служби.

Претседателот на комисијата, Томе Аџиев ни рече дека решенија стигнале за Ице Дамчевски, Јорданчо Чевревски, Неџбедин Рустеми, Љубомир Георгиевски, Јадранка Костова, Божин Павловски, Иван Катарџев, Сиљан Аврамовски, Јован Трпеновски, Вангел Гагачев, Божидар Кулевски, Владимир Јовановски, Трајко Огненовски, Николче Бабовски, Петар Мирчевски, Никола Темелковски и за уште две лица – едно починато и за едно на кое Аџиев не можеше да се сети на името.

Тој во изјава за „Дневник“ одлуките на судот ги оквалификува како „пуч во македонската лустрација“.

Според него, Управниот суд погрешно ги толкува законските одредби, а до пред некое време судот ваквите жалби ги одбивал, а сега ги прифаќа.

Откако комисијата за лустрација ќе поднесе жалба, повисоката судска инстанца ќе има обврска да се изјасни се до 1 септември 2017 година кога е утврден мандатот на лустраторите.

Доколку повисокиот суд ги отфрли жалбите на комисијата за лустрацијата тоа ќе значи дека овие лица не се лустрирни.