Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Сподели

 

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Ерик Мејер.

Груби и Мејер разговараа за последните политички случувања во земјата, процесот на уставни измени, патот на евроинтеграциите како и почетокот на работата на Коридорите 8 и 10Д.

Двајцата соговорници разговараа за политичката состојба во земјава како и за евроинтегративниот процес и за продолжување на патот кон отворање на преговарачките поглавја.

Груби истакна дека поважна е европската иднина на граѓаните и на нашата држава и дека сме подготвени за секаква одлука што би овозможила консензуално одобрување на уставните измени.

Дискусијата за важноста на реализацијата на проектите како Коридорот 8 и 10Д не само за земјата туку и за целиот регион ја натера целата Влада да се заложи за нивна брза и квалитетна реализација, веќе по одобрувањето на законски измени.

Груби за време на средбата му се заблагодари и за големата поддршка за нашата земја во патувањето кон европското семејство како и за продолжувањето на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави.