ИО и ЦО на СДСМ ќе разговараат за продолжување на дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

Во текот на денешниот ден ќе имаме седници на Извршниот и Централниот одбор каде ќе се дискутира за начинот и текот на дискусијата, разговорите, дебатата со ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш ќе потенцираме, добро е што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат за уставните измени затоа што со тоа ќе придонесеме заеднички да ја исполниме децениската аспирација на граѓаните и нешто што им должиме на граѓаните, а тоа е европскиот пат на државата. Како што и веќе напоменав, разговорите очекуваме да продолжат во позитивен правец и заеднички да се радуваме на сето она што претстои и што е потребно да се направи за европскиот пат на државата, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Одложеното дејство на уставните измени за нас е прифатливо до одржувањето на втората меѓувладина седница, тоа го има и во преговарачката рамка, така што на вечерашната седница на ИО и ЦО на СДСМ ќе се дискутира и конкретно за начинот и продложување на дискусиите и разговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Важно е во овој момент да покажеме дека можеме заеднички да прдолжиме напред и важно е да го поддржиме европскиот пат на државата, затоа што тоа им го должиме на граѓаните.