Деца донесени на Детска клиника – на роденденска забава се напиле дезинтал

Сподели

 

Три деца синоќа биле донесени во Клиниката за детски болести откако на роденденска забава во игротека се напиле течност, најверојатно дезинтал, соопшти МВР.

– На 11.06.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Аеродром, од ЈЗУ – Клиника за детски болести, било пријавено дека во 18.00 часот во клиниката биле донесени тројца малолетници со црвенило на слузница во устата.

Според пријавеното, децата биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром, а по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените било утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дезинтал, кое било оставено на шанкот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.